|
11 години на македонско ВВ
Период на стагнација
Огнено крштевање на македонското ВВ |
Огнено крштевање на македонското
воено воздухопловство
Како одговор на бруталните напади на албанските
терористи врз градот Тетово, во зората на 25 март 2001 година,
македонските безбедносни сили започнаа голема воена операција за
неутрализирање на непријателот. При тоа македонското воено воздухопловство
ги употреби транспортните хеликоптери
Ми-17 и тукушто испорачаните
транспортно-борбени хеликоптери од типот
Ми-8МТ кои користејќи
ненаведувани
57-мм и 80-мм ракети дејствуваа од воздух врз цели на земја.
Тоа беше за прв во историјата на Република Македонија, летало на
македонското воено воздухопловство да биде вклучено во борбени дејствија.
Во текот на наредните неколку месеци албанските терористи окупираа повеке
села во близината на градот
Куманово. Операциите за ослободување на овие
села станаа невозможни кога албанските терористи започнаа да ги користат
жителите на овие села, главно Македонци од етничко албанско потекло, како
жив штит од македонските сили за безбедност. Не помина долго, а албанските
терористи се појавија и во скопското село
Арачиново, на само пет километри
оддалеченост од главниот град. Токму селото Арачиново беше местото каде
македонското воено воздухопловство го изведе најжестокиот напад во текот
на месец јуни 2001 година. Во акцијата за неутрализирање на непријателот,
македонското воено воздухопловство употреби четири борбени хеликоптери од
типот Ми-24В и два транспортно-борбени хеликоптери од типот
Ми-8МТ. Овие
хеликоптери изведоа симултано 30 минутно ракетирање врз позициите на
албанските терористи во селото.
|

Ми-24В со
целокупното расположиво оружје
(фото Игор
Божиновски) |
До жестокиот напад на македонското воено
воздухопловство дојде по заканата на албанските терористи дека ќе го
нападнат меѓународниот аеродром во Скопје, рафинеријата за нафта “Окта”,
урбани згради, болници, владини објекти и се друго што ќе можат да погодат
со своите минофрлачи со калибар 120 милиметри. По стравотното дејствување
на македонското воено воздухопловство, албанските терористи развеаја бели
знамиња на селските куќи во Арачиново.
|

Ми-24В во акција против
албанските терористи во Македонија во 2001. година
(фото архива Игор
Божиновски) |
Одбивајќи да им се предадат на
македонските сили, албанските терористи беа евакуирани од припадниците на
КФОР на друга локација во земјата од каде продолжија да ги напаѓаат силите
за безбедност и локалните граѓани.
Ударната моќ на македонската армија беше значително зголемена со
опремувањето на македонското воено воздухопловство со јуришни авиони од
типот Су-25 (три едноседи
Су-25 и еден двосед
Су-25УБ) кои на Република
Македонија и беа испорачани на 20 јуни 2001 година. Четири дена подоцна,
во 10.40 часот од аеродромот Петровец во извидувачка мисија над селото
Арачиново полета еден авион од типот
Су-25. Тоа беше за прв пат во
историјата на Македонија, македонски борбен авион да полета од
воздухопловната база Петровец.
|

Су-25 во
низок лет над аеродромот Петровец
(фото МИА
виа Игор Божиновски) |
Авионите
Су-25 и хеликоптерите
Ми-24В беа
искористени за комбинирано нанесување на удари врз позициите на албанските
терористи кај селото
Радуша. При тоа беше користена проверената тактика
развиена од советската армија за време на воената интервенција во
Авганистан. За време на борбите кај Радуша, албанските терористи успеаја
накратко да заробат еден расипан тенк од типот
Т-55А. Македонското воено
воздухопловство дејствуваше веднаш и со борбени хеликоптери од типот
Ми-24В го уништи тенкот.
|

Ми-24В во акција
(фото архива Игор
Божиновски) |
Дејствијата на терористите
Придонесот кој македонското воено воздухопловство го даде за време на
воената криза во 2001 година е неспорен. За ефективноста на македонската
воена авијација впрочем најповеќе можат да говорат преживеаните терористи
на таканаречената ОНА, кои на свој грб ја осетија силата на ударната моќ
која ја поседуваат македонските борбени авиони и хеликоптери. |
|

Ми-8МТ и
Ми-24В за време на увежбување на мисија за CSAR
(фото МИА
виа Игор Божиновски) |
И покрај големото количество на
противавионско оружје во рацете на албанските терористи (противавионски
ракетни системи Стрела-2М и ФИМ-92 Стингер и над 600 останати
средства за противвоздушна одбрана), ниту едно летало на македонското воено
воздухопловство не беше загубено како резултат на дејствијата на
терористите. Познато е дека албанските терористи лансирале неколку
земја-воздух ракети врз македонските летала, но за среќа, без успех. Во
близината на селото Слупчане, албанските терористи лансирале две
ракети Стрела-2М врз борбен хеликоптер од типот Ми-24В. Првата
ракета удрила во топлинските мамци додека втората не експлодирала и паднала
во двор на една селска куќа. Албанските терористи исто така лансирале
непознат тип на противавионска ракета врз борбен авион од типот Су-25
во моментот кога тој го надлетувал скопското село Сарај. Интересен е
и примерот на група од два хеликоптери Ми-8МТ и еден хеликоптер
Ми-24В кои летале во близина на браната Глазња кога врз нив било
стрелано со рачен ракетен фрлач од типот М-80 Зоља со калибар од 64
мм!?
|

Ми-24В
во низок лет над Скопје
(фото
архива Игор Божиновски) |
Не е тајна дека леталата на
македонското воено воздухопловство неколку пати се вратиле во матичната база
со дупки во конструкцијата, најчесто предизвикани од лесно пешадиско оружје.
Единствената загуба која ја претрпе македонското воено воздухопловство за
време на воените судири беше загубата на еден транспортен хеликоптер од
типот Ми-17 кој, на 17 март 2001 година, поради силен ветар се сруши
на Попова Шапка. При тоа, за жал, животот го загуби еден припадник на
македонското воено воздухопловство.
|
Иницијално
хеликоптерите Ми-17 беа офарбани во бела боја. Хеликоптерот ВАМ-301 се
сруши на 17. март 2001. година
(фото Одбрана виа Игор
Божиновски) |
Доопремување и приоритети
По завршувањето на воените судири
македонското воено воздухопловство беше зајакнато со два хеликоптери од
типот Ми-24К. Хеликоптерот Ми-24К е наменет за извидување на
бојното поле и за корекција на артилериски оган. За таа цел леталото е
опремено со моќни камери и со компјутерски систем. Хеликоптерот Ми-24К
не може да користи наведувани против-тенковски ракети, но ја задржува
можноста да дејствува со митралезот и со ненаведувани воздух-земја ракети.
|

Македонија
поседува два хеликоптери од типот Ми-24К Хинд-Г2
(фото Игор
Божиновски) |
Старосниот профил на најголемиот
дел од воените пилоти, бројот на воздухоплови со кои во моментов располага
воено воздухопловство како и неколкукратното зголемување на нивото на
операции, ја наметнува потребата во текот на наредните неколку години
македонското воено воздухопловство да биде “освежено” со најмалку 50 млади
воени пилоти. За таа цел во Македонија веќе е во тек процес на школување на
млади воени пилоти. Со оглед дека членството во НАТО е стратегиска определба
на Македонија, македонското воено воздухопловство ќе мора колку што е можно
побргу да ги опреми сите свои летала со состеми компатибилни на системите
што ги користи НАТО. За подобра заштита на границите ноќе, военото
воздухопловство мора да опреми дел од своите летала со најсофистицирани
системи како што се системот за термовизиско набљудување во предната
полусфера (ФЛИР) и пилотските наочари за ноќно гледање. Со оглед дека во
состав на македонското воено воздухопловство се оперативни два лесни
повеќенаменски хеликопетери од типот UH-1H Huey, испораката на
дополнителни количества модернизирани хеликоптери од овој тип, познати како
Huey II, се наметнува како логично и финансиски прифатливо решение.
|
Бидејќи
македонското воено воздухопловство веќе поседува хеликоптери од типот
UH-1H Huey, Huey II се чини како
логично и најисплативо решење
(фото Игор
Божиновски) |
Copyright © Igor Bozinovski
obrada © Dejan Vukmirovic
AirSerbia 2003. |